Ким Кардашијан бара оштета од 15 до 20 милиони долари од познатата компанија Old Navy, затоа што во нивната рекламна кампања учествува девојка која личи на неа. Всушност, се работи за пејачката Мелиса Монаро, која му е девојка на бившиот на Ким, Реџи Буш.
Според документи до кои дојде порталот TMZ, Ким тврди дека компанијата намерно искористила модел што личи на неа за да ги измами купувачите да веруваат дека таа е поврзана со брендот Old Navy.
„Работев многу напорно за да ги поддржам продуктите за кои лично сум вклучена и во кои верувам“ – изјавила Ким преку соопштение.
„Славните личности имаат ексклузивно право да го контролираат користењето на нивниот идентитет и „сличност“ и да ги избираат продуктите кои ќе ги поддржат. Ким Кардашијан е препознатлива по својот изглед и стил. Нејзиниот идентитет и личност се вредни“ – дополнил нејзиниот адвокат.
Ким била и дополнително револтирана што Old Navy испраќала твитови на нејзината страница за да добие поголем публицитет. Во една од пораките се велело: „CBSNEWS вели дека супер слатката ѕвезда на Old Navy личи на Ким Кардашијан. Што мислите вие?“
А еве ја и рекламата: