Ким Кардашијан е лицето на насловната страна на британското издание на списанието Cosmopolitan за месец април. Облечена во жолт костим за капење, Ким ги покажува облините со кои се гордее и по кои цел свет ја препознава.
30-годишната бринета во интервјуто за списанието истакна дека го сака своето тело и покрај тоа што има недостатоци и што често е критикувана.
Еве дел од интервјуто:
Ким за целулитот: Кога ме критикуваа за тоа што имам целулит, јас реков: „Имам целулит, па што?“. Никогаш не сум тврдела дека сум совршена. Лудост е некој да претпоставува дека си без маани само поради тоа што си јавна личност.
Ким за диетата: Ако бев на диета цел живот, би се чувствувала навистина мизерно. Обожавам да јадам. Ако не можеш да уживаш во животот, тогаш која е смислата? Не можеш да се измачуваш. Обожавам крцкави колачиња со ориз, сладолед и замрзнат јогурт.

Ким за облините: Читам смешни приказни за мојот задник, како за тоа дека сум го осигурила. Сакам да кажам „Еј, секој има задник. Не е кој знае што“. Но, претпоставувам дека ми ласка. Јас лично отсекогаш сум сакала тело со облини. И кога бев малечка и пријателките ќе ми речеа „Ох Господе, твојот задник е толку голем“, јас ќе им вратев „Го обожавам“.

Ким за критикувањето на женските тела: Не се согласувам со жените кои ги осудуваат другите жени кога не ги познаваат. Лошо е за душата и за самодовербата. Никој нема право да осудува. Особено не јас! Немам совршено тело, па зошто би кажувала лоши нешта за телото на некој друг?