Кети Пери сними документарен филм кој го прикажува развивањето на нејзината кариера, открива спомени од нејзиното детство, ја следи нејзината турнеја за албумот „Teenage Dream“ и прикажува дел од нејзините лични проблеми, како разводот со Расел Бренд.
Во изминативе денови на интернет се појавија неколку кратки видеа кои им даваат можност на обожавателите да ѕирнат што ги очекува во филмот „Katy Perry: Part Of Me“.
Во едно од видеата Кети Пери го покажува својот природен изглед зад сцената, без откачени фризури и слоеви колоритна шминка. 27-годишната пејачка во шоуто на Елен Деџенерис изјавила дека преку филмот сакала да покаже сè што се случува зад сцената, заедно со тоа дека славните личности не се совршени.
„Кога ќе го погледнете филмот, малку е страшно, бидејќи многу кадри ме покажуваат отечена со мозолчиња и нормална! Сметав дека е важно да се покаже сè. Понекогаш луѓето мислат дека сме совршени, а ние знаеме дека не сме, воопшто. Многу е важно да ја разбиеме идејата дека за да го оствариш својот сон секогаш мораш да си совршена или беспрекорна или да живееш во некој свет на фантазии“ – изјавила таа.
Погледнете го природниот изглед на Кети Пери:
Во друго видео се појавува и сестрата на Кети Пери, која работи заедно со неа на турнеите. Погледнете како се забавуваат сестрите во слободното време: