По повод Денот на мајката, кој во САД се слави на 8 мај, Алесандра Амбросио и нејзината ќеркичка Ања снимија кампања за Мајкл Корс. Атрактивниот ангел на „Victoria’s Secret“ и седумгодишното девојче во домашна атмосфера позираа за фотосесијата насловена „Каква мајка, таква ќерка“.
За новата кампања, познатиот моден бренд ја ангажира фотографката Памела Хенсон.
На фотографиите и во видеото, 35-годишниот модел и слаткото девојче се забавуваат, бакнуваат, отвараат подароци и приготвуваат колачиња.








