Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Закари Квинто јавно призна дека е хомосексуалец

Закари Квинто јавно призна дека е хомосексуалец

Изминатиов викенд актерот Закари Квинто јавно проговори за својата сексуалност. Во интервју за New York Magazine, 34-годишниот актер за првпат се определи како хомосексуалец.

Набрзо потоа, актерот познат по улогите на Сајлар во серијата „Heroes“ и Спок во „Star Trek“ објави пост на својот веб сајт во кој напиша дека се мотивирал за ваков чекор откако научил за самоубиството на 14-годишниот тинејџер хомосексуалец Џејми Родемајер.

Закари КвинтоЗакари Квинто

„Кога дознав дека Џејми Родемајер се самоуби, се почувствував ужасно. Но, кога открив дека Џејми Родемајер имал направено видео за кампањата „It Gets Better“ само неколку месеци пред да си го одземе животот, почувствував неопислив очај. Исто и јас направив видео за „It Gets Better“ минатата година, кога имаше многу трагични самоубиства на тинејџери хомосексуалци. По смртта на Џејми ми стана јасно дека живеењето како хомосексуалец, без јавно признавање, едноставно не е доволно за да дадам некаков значаен придонес кон огромната работа што лежи на патот кон целосна еднаквост... И додека неговата смрт предизвикува да размислувам зошто не го сторив ова порано, вечно сум му благодарен што беше катализатор за промена во мене. Сега само можам да се надевам дека јас ќе служам како ист катализатор за барем уште една личност на овој свет“ – напишал Закари на неговиот сајт.

Илјадници обожаватели веднаш му дадоа поддршка и упатија комплименти за храброста на Квинто.

Закари активно ја поддржуваше кампањата „It Gets Better“, наменета за поддршка на тинејџерите кои секојдневно се малтретирани поради нивната сексуална ориентација.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19140 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.