Информираноста влијае позитивно на вашето здравје. Но, не мора постојано да читате корисни информации за здравјето за да се случи тоа. Истражувачите велат дека дури и читањето на вести за животот на славните е добро за вашето здравје.
Тие сметаат дека вестите за славните и богатите им помагаат на нивните обожаватели полесно да се справат со своите здравствени и социјални проблеми.
Научници од Универзитетот во Мисури тврдат дека луѓето се подлабоко засегнати од проблемите кога се работи за славна личност. Според нив, славните личности кои страдаат од сериозни болести создаваат огромна заинтересираност на јавноста за конкретното заболување, па луѓето се многу постимулирани да воведат промени во начинот на живот.
Проф. Аманда Хинант, којашто го предводела истражувањето, смета дека вестите за славните се полезни и затоа што поттикнуваат дискусии меѓу пријателите и им помагаат на родителите да ги советуваат своите деца.