Дениз Ричардс повторно стана мајка. 40-годишната актерка посвои девојче и нејзиниот претставник за јавноста го потврди тоа.
„Елоиз Џони Ричардс е крстена според мајката на Дениз (Џони), а Дениз и нејзините ќерки Семи и Лола го избраа името Елоиз. Дениз и поголемите сестри на Елоиз не можат да бидат посреќни и се чувствуваат неверојатно благословени“ – изјавил претставникот на 40-годишната актерка.
Дениз има две ќерки, 7-годишната Сем и 6-годишната Лола, од нејзиниот бивш сопруг, проблематичниот Чарли Шин.