Кити Спенсер беше гостинка на забава во галеријата „Серпентајн“, која се наоѓа во градините на Кенсингтонската палата. На свеченоста, 28-годишната внука на принцезата Дијана се појави во елегантна бела креација со наметка.
Нежниот фустан, кој доаѓа од модната куќа Алберта Ферети, познатиот модел го надополни со луксузен накит од Bulgari.