Легендарниот гитарист Слеш и Ферги го промовираа нивниот спот за песната „Beautiful Dangerous“.
Темата на видеото е секс, дрога и рокенрол. „Концептот за спотот е изопачен, тоа е идеја на Ферги“ – изјавил Слеш. Во спотот Ферги е опседната со Слеш и е негова огромна обожавателка која е спремна на сè за да дојде до него, дури и да го дрогира.
„Beautiful Dangerous“ е песна од последниот албум на Слеш кој е во продажба уште од март оваа година.