По долги години поминати во светот на шоу-бизнисот, Ферги знае како да привлече внимание. 41-годишната пејачка покани славни мајки во својот нов спот за „M.I.L.F. $“ и за само два дена доби над 6 милиони прегледувања на YouTube.
Во видеото, кое наиде на многу критики од публиката, се појавуваат популарни мајки, меѓу кои Криси Тиген, Сиара, Ким Кардашијан, Алесандра Амбросио, Наташа Поли и Изабели Фонтана. Исто така, во спотот се вклучени и малата ќерка на Алесандра, Ања и малата ќерка на Криси, Луна.
Ферги, која го промени акронимот M.I.L.F. во Moms I'd Like to Follow, изјави дека песната е за мајките кои прават сè. „Тие имаат кариера и семејство, а сепак наоѓаат време за да се грижат за себе и да се чувствуваат секси“ – рекла таа.