Том Форд изминатата година реши да се врати во светот на женската мода преку тајна ревија на која им беше забранет влезот на новинарите, а присуствуваа само внимателно избрани луѓе.
По одржаното шоу во септември, на интернет се појавија само неколку фотографии од кои стана јасно дека меѓу моделите кои ја претставуваа колекцијата се најдоа две популарни ѕвезди – Бијонсе и Џулиен Мур.
Сега се појави првото видео од кое може да се види како протече ревијата која привлече толку голем публицитет.