Веќе сите знаеме за што Сашко Коцев толку напорно се подготвуваше изминативе денови. Познатиот актер ќе ја остави во нашите сеќавања петнаесеттата по ред „Златна Бубамара“ со неговиот романтичен предлог за брак.
Облечен како Аладин, Сашко ја започна познатата балада „A Whole New World“, а прекрасната Каролина Гочева продолжи по него за да го направи романтичниот момент уште повпечатлив. Сашко се упати кон публиката, ја донесе својата девојка Смиљана Бундевска на сцената и клекнат на колено ѝ предложи брак.
Откако среќната Смиљана му кажа „Да“, тој ја подигна на раце и двајцата исчезнаа зад сцената.
Погледнете го романтичниот момент:
„Златна Бубамара“ - Сашко Коцев ја запроси својата девојка from Mnogoo Media on Vimeo.