Бијонсе се врати во форма. 30-годишната пејачка со спектакуларен концерт се врати на музичката сцена помалку од 5 месеци по породувањето.

Оживувајќи го своето познато алтер его, Саша Фирс, Бијонсе ја воодушеви публиката во казиното и хотелскиот комплекс „Ravel“ во Атлантик Сити. „Се обидувам повторно да станам Саша Фирс. Таа е мртва, но морам да ја вратам во живот“ – изјавила Бијонсе за време на подготовките. Петочниот концерт бил само првиот од вкупно три концерти на познатата пејачка кои ќе се одржат по повод отворањето на големиот луксузен комплекс.

Бијонсе ѝ оддаде почит на Витни Хјустон со сопствена верзија на „I Will Always Love You“, а испеа и многу стари хитови, како и песни од својот последен албум.
Погледнете дел од концертот:
I Will Always Love You/Halo
Single Ladies
Get Me Bodied
Crazy In Love
Irreplacable
Who Run The World Girls
Freakum Dress
Енергичниот и сложен настап Бијонсе го подготвувала подолго време. Таа објави и две видеа во кои е прикажано како течеле подготовките за концертот.