Бриџит Џонс повторно ќе ја забавува публиката на големиот екран. Филмската екипа на „Bridget Jones’s Baby“ вчера го објави вториот трејлер за новата романтична комедија.
Во филмот Џонс е бремена, но не знае кој е таткото – нејзината стара љубов Марк Дарси (Колин Фирт) или новиот партнер Џек (Патрик Демпси).
Третиот дел од филмовите со Рене Зелвегер во главна улога ќе започне да се прикажува во киносалите од септември.





