Не, Сури Круз не е најмодерното дете во Холивуд. Најмодерното дете во Холивуд е сè уште бебе, има четири месеци, сè уште нема научено да оди, но има своја колекција дизајнерски обувки. Тоа е Скајлер, синот на можеби најмоќната селебрити стилистка, Рејчел Зои.
Познатите дизaјнери не почекаа Скајлер да порасне пред да започнат да го преплавуваат со специјално дизајнирана облека.
![Рејчел со сопругот и малиот Скајлер Рејчел со сопругот и малиот Скајлер](/images/articles/2331/rejchel.jpg)
Скајлер веќе има свој голем плакар исполнет со облека од Гучи и Мисони, чанта за пелени од Луј Витон која чини 1100 долари, ќебенце од Hermés и чевли од Гучи и Ралф Лорен. Погледнете го неговиот плакар:
А сега, ѕирнете за момент и во плакарот на Рејчел. Се разбира, ова е мал дел од нејзината облека.