Пред малку Барак Обама ја положи свечената заклетва и го започна вториот претседателски мандат. Честа да ја испее химната на САД на свечената инаугурација во Вашингтон ѝ припадна на Бијонсе, еден од најгласните поддржувачи на Обама.
Бијонсе пристигна на манифестацијата заедно со својот сопруг Џеј-Зи. Облечена во долг фустан од Емилио Пучи, палто од Диор и скапоцен смарагден накит, Бијонсе блескаше до Џеј-Зи кој носеше костум од Том Форд.
31-годишната ѕвезда предизвика гласни аплаузи пеејќи ги „високите“ ноти на „The Star-Spangled Banner“.
Се проценува дека на настанот присуствуваа над 700.000 лица.
Погледнете го настапот на Бијонсе: