Познатите компании и брендови секоја година издвојуваат вртоглави суми за да се рекламираат за време на Super Bowl.
Како минатата, така и оваа година популарниот бренд за долна облека Victoria’s Secret ги „симна“ ангелите од модната писта и ги стави на фудбалскиот терен за новата реклама, која ќе биде прикажана додека трае Super Bowl.
Во видеото, 34-годишните Адријана Лима и Алесандра Амбросио го предводат тимот „Ангели“, во кој се и Елза Хоск, Тејлор Хил и Џасмин Тукс облечени во црвено-бели фудбалски униформи. Се разбира, на крајот слават победа, покажувајќи го својот сексапил.









