„Валентина, фаталната жена, беше родена како момче“ – Емануела Алт.
Валентина Сампајо е првата трансродова личност која добила корица на „Вог“ Париз.
На фотографиите, таа носи креации од брендови како Saint Laurent и Balenciaga.
Сампајо, која е препознатлива по полните усни, по потекло е од Бразил и досега има постигнато многу успеси во модната индустрија. Таа е амбасадор на козметичкиот бренд L'Oréal Paris, а беше и ѕвезда во ноемвриското издание на списанието „Elle“ Бразил.
„Ние во овој момент живееме во свет во кој ова што се случува нè влече чекор наназад. Наместо да бидеме во константна еволуција, ние не се движиме во правилна насока со човековите права. Оваа насловна страница е за важноста токму на тие права“ – изјавила Емануела Алт, уредничката на списанието.
„Таа е апсолутно еднаква на Жизел Бундхен, Дарија Вербови, Еди Кембел или Ана Еверс. Со разлика во еден мал детаљ: Валентина, фаталната жена, беше родена како момче. Тоа е детаљ кој би преферирале да не се споменува, сеприсутен детаљ во животите на овие жени кој тие не го побараа, и детаљ кој тие би сакале да го заборават. Но, Валентина е на корицата на Вог за овој месец, не само заради нејзиниот изглед и блескав карактер, туку и поради тоа што tаа е олицетворение на долгогодишната тешка борба да биде препознаена и признаена“ – додала Алт.
„Овој месец ние сме горди што можеме да ја славиме трансродовата убавина и модели како Валентина Сампајо, која позира за својата прва Вог корица, кои ја менуваат модата и ги уништуваат предрасудите“ – пишуваат од списанието.