Бред Пит се обиде да помине незабележан додека се упатуваше на големата роденденска забава на Џенифер Анистон.
55-годишниот актер беше фотографиран кога влегуваше во хотелот „Sunset Tower“ во Лос Анџелес, каде неговата бивша сопруга го славеше јубилејниот роденден.
Бред и Џенифер беа во брак од 2000 до 2005 година. Само неколку месеци по нивната разделба, стана јасно дека се вистинити гласините дека тој започнал врска со Анџелина Џоли.
Набргу, Анџелина и Бред станаа златната двојка на Холивуд, но нивната љубовна приказна заврши по 12 години врска и 2 години брачен живот. Тие ги изненадија фановите кога во септември 2016 година Џоли поднесе документи за развод.
На почетокот на минатата година, Анистон објави дека става крај на 2-годишниот брак со Џастин Теру, со кого претходно беше во врска 7 години.