Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Брајан Адамс стана татко на 51 година

Брајан Адамс стана татко на 51 година

Брајан Адамс и неговата лична асистентка, Алисија Грималди, станаа родители на девојче.

Брајан Адамс

„Со гордост можам да соопштам дека на 22 април се роди Мирабела Бани“ – објавил Брајан преку соопштение за јавноста.

„Таа пристигна на Велики Петок како сите добри велигденски зајачиња. И мајката и бебето се добри и се среќни. Ви благодарам однапред за вашите убави мисли и желби“ – се вели уште во соопштението.

Брајан и 31-годишната Алисија долго време работат заедно, а таа е една од основачите на неговата фондација.

51-годишниот пејач објави дека ќе стане татко во март, кога и објасни: „Пред неколку години таа ми помогна да ја основам фондацијата и изгледа дека сега таа ќе го води и семејството“.

„Брајан и Алисија се пресреќни, Брајан не може да биде посреќен. Воопшто не се сомневам дека ќе биде прекрасен татко“ – изјавил близок на новите родители.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20845 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.