Ајрис Ло го покажа новиот имиџ на Канскиот филмски фестивал.
20-годишната ќерка на актерот Џуд Ло, која е модел, се појави на црвениот тепих со избричена глава, облечена во бела креација од Кристијан Диор. Својот изглед, таа го надополни со накит од Bulgari.
Пред неколку дена, во интервју за британскиот „Вог“, Ајрис ја коментираше одлуката да ја скрати косата. „Сакав да направам нешто што ќе ме ослободи. На денот кога си ја избричив главата, си го променив животот. Никогаш не сум направила нешто такво. Се погледнав во огледалото и помислив дека ќе биде емотивно, но не беше. Се чувствував позитивно. Реакциите на пријателите беа различни, но толку сум самоуверена, што не ми е гајле“ – рече таа.
Ајрис е ќерка на Џуд и актерката Седи Фрост. Парот се запозна на снимањето на филмот „Shopping“, а стапи во брак во 1997 година. Двајцата актери, кои имаат три деца, се разведоа во 2003 година.