Почетна » Новости » Промо » 6 клучни прашања кои треба да си ги одговорите пред да одлучите да купите нов дом

6 клучни прашања кои треба да си ги одговорите пред да одлучите да купите нов дом

Купувањето нов дом, без разлика дали е куќа или стан, е можеби најголемото купување што ќе го направите во текот на вашиот живот. Тоа не треба да биде импулсивна и брза одлука, туку внимателно обмислена. За да избегнете финансиска катастрофа и лично разочарување во иднина, застанете и добро размислете! Испланирајте што барате од вашиот иден дом и зошто.

СОВЕТ: Не носете одлуки врз основа на емоции!

Премногу луѓе се водат од емоциите кога избираат дом, а тоа им пречи да ја донесат правилната одлука. Не ја избирајте вашата идна куќа според бојата, уреденото дворче, добродушните комшии... Не избирајте стан само затоа што сте се заљубиле во него кога сте го виделе или според прекрасниот поглед од прозорецот.

Еве кои се клучните прашања кои треба да си ги поставите пред да се насочите кон купување:

Дом

1. Што е она што ви е неопходно за да живеете удобен живот?

Понекогаш луѓето ги мешаат желбите и потребите кога избираат дом. Морате прво да ги дефинирате вашите основни потреби, без разлика дали сте самец или веќе имате основано семејство, за да знаете каков дом би ги задоволил истите. Одговорот на ова прашање ќе ви помогне да го одредите бројот на квадрати, бројот на соби, големината на собите, типот на живеалиште и слично.

2. Колку долго планирате да живеете во новиот дом, привремено или трајно?

Кога купувате нов дом, морате да знаете каква е вашата цел. Дали планирате во него да живеете до крајот на вашиот живот или ви е потребно место во кое ќе живеете привремено? Најчесто лицата кои првпат купуваат живеалиште, планираат во него да живеат само одредено време. Во таков случај, тоа треба да биде примамливо и за други лица за да можете подоцна и да го продадете или изнајмувате.

Експертите советуваат да испланирате да останете најмалку 5-7 години во вашиот прв дом, пред повторно да одлучите да се преселите. Неизвесно е колку долго време ќе ви биде потребно за да го продадете домот, а никој не ви гарантира дека ќе ја добиете цената која сте ја платиле. Секоја продажба исто така има и трошоци, како што е данокот на промет на недвижности.

3. Куќа или стан?

Замислете си го животот што сакате да го живеете и дефинирајте каков дом одговара на него. Дали сте личност која повеќе време минува дома или надвор? Дали сакате двор или и балкон би можел да ве задоволи? Дали имате деца и дали имаат потреба од одделни соби или не? Одговорот на ова прашање ќе го одреди типот на дом кој ви е неопходен за удобен живот.

4. Стара градба или нова?

Староста на објектот во кој ќе живеете е прилично важна. Доколку се работи за нова градба, сигурно ќе треба да платите поголема цена по квадрат, но ако се работи за стара градба, веројатно ќе треба да вложите пари и во реновирање.

Одговорот на ова прашање ќе го намали вашиот избор и ќе ви помогне во одлуката.

5. На која локација сакате да живеете?

Пред да започнете со потрагата по нов дом морате да одредите во која област сакате да живеете. Ова е едно од нештата кои не можете да ги промените подоцна, па морате да бидете апсолутно сигурни. Не се насочувајте кон некоја област само затоа што некој ви ја пофалил или е популарна.

Локацијата треба да одговара на вашиот животен стил и на потребите на вашето семејство. Доколку имате деца, сигурно сакате во близина да има градинка или училиште, можеби и паркче или игралиште. Доколку сакате да пешачите до работа, можеби ќе сакате тој да биде во близина на работното место. Доколку вежбате – ќе сакате во близина да има парк или фитнес центар... Доколку немате возило, ќе ве интересира дали има јавен превоз.

6. Дали финансиски сте подготвени да купите нов дом?

Веројатно најважното прашање кое треба да си го одговорите е дали сте финансиски подготвени да го купите и опремите новиот дом. Кога станува збор за финансиите, морате да ги разграничите прашањата „Што сакам?“ и „Што можам да си дозволам?“.

Многу ретко луѓето кои првпат купуваат дом ја поседуваат целата потребна сума, па од голема помош се станбените кредити*.

*Халкбанк нуди станбен кредит со 3,2% каматна стапка за првите 10 години.

Кредитот обезбеден со животно осигурување кој го нуди Халкбанк АД е со фиксна каматна стапка за првите 10 години, временскиот рок на отплата е до 30 години, ниска стапка на вкупни трошоци на кредитот, БЕЗ трошоци за проценка, БЕЗ трошоци за за одобрување и БЕЗ трошоци за предвремена ликвидација од сопствени средства како и големи олеснувања во обезбедувањето.

Износот кој може да ви биде одобрен е до 200.000 евра. Провизијата за обработка на кредитот и провизијата за предвремена ликвидација изнесува 0%. Трошоците за кредитот се 200 мкд за проверка во Кредитно биро и 150 мкд за апликација.

Дом

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19706 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.