Чалгија саунд систем утре ќе ги радува фановите со предновогодишен промотивен концерт за албумот „Тихувај“.
Првично беше планирано концертот да се одржи во април во МОБ, но поради пандемијата, сега ќе биде музички настан пренесуван од студиото Алшар во Скопје.
„Подготовките се при крај, озвучувањето и камерите се наместени, а целиот бенд е расположен да свири и да ја направи вечерта на 29.12.2020 година поубава“ - порачуваат од бендот.
Концертот започнува од 19 ч. а ќе можете да го гледате на следниве линкови:
- YouTube: https://tinyurl.com/y8akzaac
- Facebook: https://www.facebook.com/events/394944441730967/