На својот роденден, Роберт Билбилов ја објави новата песна насловена „Нигде не те наоѓам“.
Македонскиот пејач и композитор стои зад музиката и аранжманот, додека за текстот на песната се погрижи Робин Зимбаков.
„Ако идејата трае 5 минути, а реализацијата 2 години, јасно е дека од идеја до реализација се потребни доста вештини кои би требало да ги поседува човек. Сè она што изгледа и звучи едноставно е и многу тешко да се направи и сè дури не стигдеш до тоа, твоето тело до последна честичка ќе се бори додека не ја оствари замислената цел... Бескрајно сум им благодарен на сите кои веруваа и дадоа свој уникатен печат. Во прилог ви приложувам парче од мојата музичка роденденска торта“ – пишува Билбилов.