Детскиот хор „Македонски ѕвончиња“ онлајн ја отпеа прекрасната македонска песна „Биљана платно белеше“, а нивната изведба ќе ве наежи.
Видеото го објави професорката Марина Коруновска, на чија иницијатива се создаде првиот онлајн детски хор составен од дечиња од земјава и дијаспората.
„Детскиот хор ‘Македонски ѕвончиња’ за сите деца од дијаспората и Македонија, ви го претставува својот втор проект, со една од најубавите македонски песни - Биљана платно белеше. Македонска музика + детски македонски гласови = непроценливо богатство!“ – напиша Коруновска на Facebook.
Првиот проект на хорот беше „Македонско девојче“.