Дарко Гроздановски продолжува да ја збогатува македонската музичка сцена со нови песни.
21-годишниот битолчанец го објави своето ново кант-авторско музичко дело, синглот „Моја“. Песната е инспирирана од неговото секојдневие, а е со енергичен ритам.
Дарко е надежен пејач и виолинист, кој од мала возраст покажува интерес за музиката и за пишаниот збор. Некаде кон средината на средното образование, за првпат ги спојува музиката и поезијата, за подоцна да се роди и неговата прва авторска песна насловена „Да ја видам“, по која следуваат неговите „Засекогаш“ и „Сега знам“.
🍀 Најсреќни денови:
❤ Љубов
💰 Работа