Мима и Јован снимија прекрасен кавер на култната песна „Moon River“, која за првпат беше испеана од Одри Хепберн во филмот „Breakfast at Tiffany's“.
Слушнете како звучат младите македонски музичари:
„Музиката е љубов. Музиката е среќа. Музиката е суштината на животот. Таа е нашето рамо за плачење во тажните моменти, нашиот мотив за среќа, нашата прва љубов, таа е она за кое вреди да се живее. Па така огромна чест и задоволство ни беше да запливаме во бурното море на нотите, и да влеземе длабоко во еден конфузен свет на емоциите и страста“ – пишува Мима на социјалните мрежи.