Семејството е во фокусот на есенската кампања на Coach, а главни ѕвезди се Џенифер Лопез и нејзините најблиски.
51-годишната пејачка и актерка позираше со мајка си Гвадалупе и 12-годишните близначиња Макс и Ема.
„Како изгледа модерно семејство? Нема една единствена дефиниција. Не станува збор за совршенство, туку за прифаќање“ – вели Лопез и додава дека секој член на семејството треба да може да ја покаже својата автентична верзија пред останатите.