По добивањето на најважната животна улога - станувањето мајка, Јелена Јованова Периќ се враќа на сцената!
Талентираната актерка, најпозната по нејзината актуелна улога во серијалот Преспав, е дел од најновата кампања на луксузниот италијански бренд Pinko.
Кампањата ја претставува во нејзиното најдобро светло, како храбра, самоуверена и гламурозна дама која е подготвена на сѐ. Чекаме да видиме што ќе биде следно!
Стајлингот и организацијата се на Модната групација Магнетик, фотографиите се дело на Мартин Tрајановски, а косата и шминката на Зоран Шурбевски.