Хајди Клум честопати соработува со дизајнерот Тони Матичевски за нејзините појавувања на холивудските свечености.
На доделувањето на музичките награди на Билборд, 48-годишниот супермодел зачекори во жолт фустан од популарниот креатор со македонско потекло.
Својот стилски избор, Клум го „зачини“ со чизми над колена и високи ракавици.
Хајди позираше на настанот со сопругот Том Каулиц.