Прекрасната Џесика Алба е новото рекламно лице на колекцијата накит Possession на брендот Piaget.
Рекламната кампања за швајцарскиот бренд беше снимена во Њујорк. Џесика, која денес полни 30 години, блесна пред објективот на Патрик Демаршелие и навистина придонесе секоја жена да посака барем едно парче од прекрасниот накит.
„Таа е модерна и млада и кул и убава. Мислам дека Џесика е совршеното лице за Piaget“ – изјавува стилистот Бред Горески во промотивното видео.