Оливија Палермо го заврши модниот предизвик „30 Looks for 30 Days“. 28-годишната вљубеничка во модата на својот блог претстави урбани комбинации во кои можете да пронајдете инспирација за преостанатите летни денови.
Откако минатиот месец ги видовме првите 15 комбинации, сега ѕирнете ги новите стилски предлози кои вклучуваат креации од брендови како Zara, Mara Hoffman, CH Carolina Herrera, Sergio Rossi и Burberry.