Синди Крафорд е убавицата од новата фотосесија на дигиталното списание „Violet Grey“. Популарната 48-годишна манекенка позираше во филмско студио на компанијата „Paramount Pictures“.
„Се чувствував како да правиме фотографии за стар холивудски филм“ – коментирала Крафорд.
Привлечниот изглед на Крафорд поттикнува многу прашања поврзани со разубавувањето и негувањето. Синди е убедена дека секоја жена треба да ја негува својата кожа. „Тајната е дека нема тајна. Правете ги сите нешта кои ги знаеме: не пушете, спијте доволно, пијте многу вода, дознајте што ве усреќува... Кога 35-годишна жена започнува да се грижи за својата кожа, таа нема да изгледа поразлично. Кога ќе дојде на моја возраст, тогаш ќе ги види наградите“ – рекла таа.
На прашањето кој од актуелните модели го привлекува нејзиниот поглед, таа одговорила: „Обожавам да ја гледам Џорџија Меј Џегер. Нејзините фотографии се прекрасни, но и интересни.“