Роузи Хантингтон-Вајтли се разголи за „Violet Grey“. Сексапилната Британка позираше како од мајка родена за новото издание на списанието.
27-годишната манекенка го покажа својот бронзен тен и заведуваше со бордо кармин пред објективот на фотографот Бен Хасет.
Во интервјуто за списанието, Роузи се отвори и зборуваше за својата прва разголена фотосесија. „Искрено мислам дека бев многу послободна кога бев помлада. Кејт Мос ми беше омилен супермодел, таа го постави стандардот во однос на голотојата, како мода и уметност. Сметам дека најатрактивниот квалитет кој една девојка може да го поседува е да се чувствува удобно во своја кожа“ – изјавила таа.
Хантингтон-Вајтли рекла дека е важно да се има позитивен став за исхраната која секојдневно ја консумираме. „Се обидувам да не се преоптоварувам со тоа. Не сакам да сум таа несреќна девојка која вртка салата во својата чинија. Дома јадам чиста, органска, едноставна храна. Но, кога ќе излезам со пријателите, сакам да уживам“ – објаснила таа и додала дека е фитнес фанатик и консумира многу вода во текот на денот.