Тарик Едиз умее да ја згасне женската жед за елеганција, а новата колекција висока мода пролет 2015 е неоспорлив доказ за тоа.
Турскиот дизајнер не го напушта концептот за создавање на креации кои максимално ја оцртуваат женската силуета и пленат со сексапил. Впечатливи низи од мониста и кристали го засилуваат гламурот и им даваат уникатност на моделите.
Едиз непрекинато го проширува своето ателје и сè позасилено продира во пазарите во над 30 земји во светот.