Роузи Хантингтон-Вајтли се трансформираше во Барби за априлското издание на јапонскиот „Вог“.
Долгоногата манекенка со „вештачка“ насмевка и бесчувствителен поглед се обиде да го долови изгледот на кукла, додека носеше креации од модни куќи како Dsquared2, Moschino, Dolce & Gabbana, Ralph Lauren и Valentino.
Модниот фотограф Џампаоло Згура ја овековечи стилската замисла на Ана Дело Русо.