Роузи Хантингтон-Вајтли е во фокусот на мајското издание на „Harper’s Bazaar“.
За фотосесијата со морнарски шмек бил ангажиран фотографот Мигел Ревериего.
За модното списание, 27-годишната Британка открила дека отсекогаш сакала да биде дел од модната индустрија. „Како девојче, отсекогаш сонував да работам во модната индустрија. Ѕидовите од мојата детска соба беа покриени со страници откинати од моите омилени списанија“ – рекла Роузи.
Хантингтон-Вајтли изјавила и дека сака позитивни и работливи личности. „Сакам да бидам опкружена со луѓе кои се бистри, работливи и не зборуваат бесмислици. За повеќето фотосесии работам со луѓе кои ги познавам со години, па секогаш има позитивна енергија. За да бидеш успешен модел, мора да бидеш тимски играч и да бидеш прилагодлив. Репутацијата е најважна во шоу-бизнисот, а сите озборуваат“ – додала таа.