Во изминатиот период, модната индустрија сè повеќе се оддалечуваше од слабите модели и често ангажираше модели со облини, со Даунов синдром, па дури и модели со телесен хендикеп. Модниот бренд JD Williams одлучи да воведе уште една таква промена и одржа ревија на која дефилираа модели повозрасни од 50 години.
Истражување спроведено од брендот покажало дека голем дел од повозрасните жени се чувствуваат занемарени и игнорирани од модната индустрија, па токму од тој податок се родила идејата за вакво модно шоу.
63-годишната Мари Хелвин ја имаше честа да го отвори шоуто, а 87-годишната Дафни Селф беше одличен избор за да се стави крај на модната приказна која се раскажуваше на пистата во Лондон.
Дафни е најстариот модел кој сè уште работи и не се откажува од модните ангажмани. „Сметам дека сум одличен модел за пример за да ги охрабрам жените некогаш да не дозволат возраста да им застане на патот на тоа што сакаат да го остварат“ – изјавила неодамна Селф.
За стилскиот избор се погрижила 70-годишната Каролин Беркер.