Наскоро ќе завладее празничната еуфорија, а клиентките на „H&M“ нема да ја дочекаат неподготвени. Шведскиот бренд презентира колекции за вечерни пригоди кои се фузија на актуелните модни тенденции со стилската класика.
Колекциите „Sparkling Statement“ и „Shine Bright“ обединуваат гламур, младешки дух и суптилен сексапил. Блескави материјали, женствени карнери, комбинезони, здолништа и фустани со А-линија, кожни тесни панталони и крзно стојат во центарот на богатата модна понуда. Палетата ротира околу црна, бела, црвена и златна боја.