Оливија Палермо е модерна дама за „Fashion“. Популарната трендсетерка го разубавува мартовското издание на канадското списание.
За едиторијалот, Палермо шармира во креации од врвни модни куќи како Elie Saab, Dolce & Gabbana, Gucci, Salvatore Ferragamo, Delpozo, Jonathan Simkhai, Greta Constantine и Preen by Thornton Bregazzi, како и сопствена креација.
29-годишната блогерка позираше пред објективот на фотографот Габор Јурина.
Во интервјуто за списанието, Палермо изјавила дека без разлика на тоа што е дел од модната индустрија, таа се облекува само за себе. „Не се грижам наутро кога треба да изберам што да облечам. Без разлика дали сум во оваа индустрија или не, тоа нема да се промени. Јас се облекувам за себе. Секој треба да се облекува за себе“ – рекла таа.