Оливија Палермо уште еднаш ги покажува своите дизајнерски способности. Модерната девојка, позната по својот беспрекорен стил на облекување, лансира нова модна линија за Nordstrom.
Колекцијата од брендот Chelsea28 вклучува 32 парчиња и е инспирирана од стилот во 70-тите години и стилот на парижанките.
Бохо фустан, долги елеци, блузи и фустани со морнарски риги, фустан со реси, фармерски креации... 29-годишната блогерка очигледно опфати сè што ќе биде во тренд за претстојната сезона.