Оливија Палермо сними две фотосесии за модното списание „Elle“.
За германското издание, модната икона на денешницата блеска во елегантни парчиња облека од колекциите пролет/лето 2015 на познати модни куќи.
Долче и Габана, Мајкл Корс, Гучи и Валентино се само дел од брендовите чии креации Палермо ги носи за едиторијалот, за кој бил ангажиран фотографот Џошуа Џордан.
Палермо сними лежерна фотосесија и за виетнамското издание на „Elle“. 29-годишната блогерка со природен изглед и минимална шминка позираше за априлското издание на списанието.