Почетна » Новости » Мода » ФОТО: Новата колекција на Ели Сааб инспирирана од Лондон во 60-тите години

ФОТО: Новата колекција на Ели Сааб инспирирана од Лондон во 60-тите години

Ели Сааб експериментира на нови модни територии, сè почесто оддалечувајќи се од својата успешна формула за создавање на беспрекорно елегантни креации во кои секоја жена би се чувствувала како гламурозна божица.

Со колекцијата pre-fall 2016, Сааб плива во кежуал води, инспирирајќи се од лондонската модна сцена во доцните 60-ти години. Црната боја и тантелата се доминантни елементи, кои танцуваат заедно кај повеќето од фустаните. Крзнените елеци, здолништата и наметките со долги реси, женствените комбинезони и романтичните панделки на вратот на префинет начин го доловуваат шармот на бохо стилот.

Во ателјето на либанскиот дизајнер очигледно е отворен голем простор за новитети кои досега никој не би ги асоцирал со името Ели Сааб. Кој можеше да претпостави дека оттаму ќе излезат гумени чизми и лежерни влечки?

Колекција на Ели Сааб Колекција на Ели Сааб Колекција на Ели Сааб Колекција на Ели Сааб Колекција на Ели Сааб Колекција на Ели Сааб Колекција на Ели Сааб Колекција на Ели Сааб Колекција на Ели Сааб Колекција на Ели Сааб Колекција на Ели Сааб Колекција на Ели Сааб Колекција на Ели Сааб Колекција на Ели Сааб Колекција на Ели Сааб Колекција на Ели Сааб Колекција на Ели Сааб Колекција на Ели Сааб Колекција на Ели Сааб Колекција на Ели Сааб Колекција на Ели Сааб Колекција на Ели Сааб

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20879 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.