Еве чанта што ако ја имате, не би се осмелиле да ја испуштите од рацете. Компанијата The House of Mouawad ја создаде најскапата чанта на светот, која е проценета на 3,8 милиони долари.
Чантата наречена 1001 Nights Diamond Purse е изработена од 18 каратно злато и 105 жолти, 56 розови и 4356 безбојни дијаманти.
За да се изработи луксузната чантичка во форма на срце, 10 занаетчии работеле цели 8800 часа.
Инспирацијата за креирањето на чантата била од светски познатата бајка за романсата, интригите и фантазијата, односно бајката за Шехерезада.
Многу славни ѕвезди како Анџелина Џоли, Никол Кидман, Мараја Кери и Жизел Бундхен имаат носено накит од компанијата House of Mouawad. Во 2003 година оваа компанија во соработка со Victoria’s Secret го создаде градникот Very Sexy Fantasy кој беше проценет на 11 милиони долари.