Откако креираше колекција долна облека за брендот Addition Elle, Ешли Грем стана ѕвезда во новата кампања за спортска облека за жени со облини на канадскиот бренд.
На промотивните фотографии, популарниот plus-size модел позира во креации од колекцијата пролет 2016 од линијата Nola.
Спортската колекција се состои од хеланки, тренерки за јога, спортски градници, маички и јакни за трчање во разни бои и дезени.
Ешли неодамна ја промовираше и новата спортска колекција на Forever 21.