„H&M“ ги мами погледите на девојките кои сакаат да блескаат за време за пролетните вечерни забави.
Новата колекција „By Night“ ги става на пиедестал светкавите мониста, змискиот дезен и црно-белите комбинации, понекогаш збогатени со чипка. Кроевите кои ги акцентираат женските облини зборуваат за смелост и умерена провокативност.
Колекцијата е претставена од Марина Линчук.