Софија Резинг е убавицата од новата модна кампања на талентираниот Зухаир Мурад. Привлечната бринета од Бразил отпатува во Бејрут, Либан, каде позираше во креации од колекцијата за сезоната пролет/лето 2015.
Фотографот Раби Јанс бил задолжен за рекламните фотографии за колекцијата „Gipsy Queen“, инспирирана од номадскиот живот.
Софија веќе неколку сезони соработува со Мурад за неговите ревии за презентирање на колекциите висока мода.