Ели Сааб со новата колекција потсетува зошто е крал на елегантните фустани за црвениот тепих, но и зошто не треба да се потценува неговата моќ за креирање на софистицирана дневна дамска облека.
Колекцијата ресорт 2015 плени со модерна елеганција и нежни млечни нијанси на корална, ментол зелена, жолта и розова боја. Женственоста на колекцијата е изразена преку кроеви кои ја следат линијата на телото, но и преку мајсторски подредени декорации од мониста, кристали и цветни апликации. Префинетата чипка им дава на креациите минимална провокативност.
Покрај очекуваните фустани, колекцијата вклучува тренч мантили, сакоа со пеплум и класични панталони.