Списанието „People“ претпразнично ја организираше својата прва манифестација за доделување на награди на најдобрите во шоу-бизнисот.
Синоќа, во хотелот „Беверли Хилтон“ во Беверли Хилс, Џенифер Анистон ја прими наградата Најдобра филмска актерка (Cake) додека Мајкл Китон беше прогласен за Најдобар филмски актер (Birdman). Гвен Стефани ја доби титулата Стилска икона на годината, а Карли Клос беше избрана за Модел на годината. Во рацете на Џенифер Лопез заврши наградата „Triple Treat“ за глумење, продуцирање и пеење.
На црвениот тепих Лопез се појави во блескав комбинезон од Наим Кан, Гвен Стефани избра забавна креација на Александар Воте, а Кејт Хадсон пленеше со бохо елеганција во фустан од Валентино. Погледнете како изгледаа ѕвездите и оценете го нивниот стил.