Откако беше прогласен крајот на 95-тото издание на Оскар, ѕвездите се упатија да прослават на забавата на Vanity Fair. Овој настан се организира секоја година и неретко се смета за „забава на годината“.
Низ стајлинзите на холивудските и модните ѕвезди доминираа смели комбинации. Сиара ја разголи својата фигура во модел од Питер Дундас, Ева Лонгорија изгледаше атрактивно во креација од Зухаир Мурад, а за фустанот на Софија Вергара се погрижи Рим Акра.
Погледнете како изгледаа гостинките на постоскаровската прослава: